Голем пожар избувна на познатата плажа Превели на грчкиот остров Крит во близина на шума со палми.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани 60 пожарникари со 29 противпожарни возила и два хеликоптери.

Крајбрежната стража спроведе голема акција за транспорт на камп-куќички од плажата Превели на југот на островот на друга плажа, објави грчкиот портал Екатимерини.

Според првите информации, пожарот се шири во спротивна насока од шумата со палми, објави „Спутник“.