Пожар кој избувнал во кругот на поранешна фабрика во источниот дел на Сараево, а кој и натаму гори предизвика паника меѓу граѓаните, пренесува „Б92“.

Припадници на територијалната противпожарна единица се обидуваат да го изгаснат огнот.

Шефот на единицата, Његош Вукадин, изјавил дека бројни екипи се на терен, но дека засега е тешко пожарот да се стави под контрола.

На помош пристигнале и пожарникари од Федерацијата на БиХ, како и членови на противпожарната единица на „Еуфор“.

Градоначалникот на општината Ново Источно Сараево, Љубиша Чосиќ, соопшти дека гори еден објект и го предупреди населението што живее во близина на фабриката да не минува многу време надвор поради чадот и неговите можни негативни последици.

Gori Energoinvest, RAOP | www.vivostudio.ba | #vivostudio #snimanjeizvazduha #drone #slikanjeizvazduha

Posted by Vivo Studio on Сабота, 10 август 2019