Веќе трет ден има голем пожар во националниот парк „Преспа“, кај Пустец, Мала Преспа.
Пожарот избувнал во близина на албанско-грчката граница, а во неговото гаснење најпрво била вклучена територијалната противпожарна едница од Пустец, а денеска уште други пет возила и повеќе пожарникари.
Според вработените, интервенцијата е тешка, бидејќи пожарот се наоѓа на врвот на планината „Остоја“, местото наречено Пирамида 10 на границата со Грција. Гори високо стеблеста шума.
– Поради опасноста за проширување на пожарот и на грчка страна, попладнево во гаснењето е вклучена грчката општина Преспа со два помали авиони. Во телефонскиот разговор со генералниот директор на Центарот за управување со кризи, Хаки Чако, во каснењето на пожарот ќе се вклучи и армијата, како и пожарникари од други општини од регионот Корча – наведуваат албанските медиуми.
Чако информирал дека засега нема опасност по населените места. Нема информации дали постои опасност за проширување на пожарот и на македонска територија. Попладнево, според медиумите, реактивиран е пожарот во селото Сух, општина Либохо кај Ѓирокастро, кој претставува опасност за блиските куќи.