Едно лице загина, а причинета е голема материјална штета во невремето што синоќа го зафати хрватскиот приморски град Шибеник.

Како што јавуваат хрватските медиуми, невремето проследено со силен ветер, кршело гранки и корнело дрвја, при што биле оштетени 16 автомобили.

Еден маж за време на невремето паднал од рибарското бротче во морето и се удавил.

Надлежните служби денеска го расчистуваат градот.