Најмалку 40 лица се уапсени во акција на српската полиција во реоните на градовите Крагуевац и Аранѓеловац, против, како што наведоа полициски извори, „организирани криминални групи и кланови“, јавува МИА.

При акцијата се извршени претреси на 20-тина домови, при што се запленети „големо количество наркотици“, огнено оружје, муниција и панцири.

Уапсените се осомничени за трговија со наркотици и оружје, за изнуди и за измами.
Според српската државна телевизија РТС, станува збор за акција против три криминални групи, од кои две од Крагуевац и една од Аранѓеловац.