Германските бизнисмени изразиле незадоволство од намерата на Владата да го ограничи приливот на работна сила од Западен Балкан на 25.000 годишно.

Тие велат дека уредбата за Западен Балкан, која е на сила од јануари 2016 година, отворила можност за вработување во Германија за луѓе од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, истовремено се намалила илегалната миграција и претставува успешен модел на германската миграциска политика, пренесе Танјуг, повикувајќи се на германските медиуми.

Како што пренесува „Дојче веле“, нацрт законот на кој работат министерствата, бројот на работници од Западен Балкан да се ограничи на 25.000 годишно, наишол на критики од повеќе страни.

Централната аоцијација на германската градежна индустрија проценува дека приближно 50.000 градежни работници од Западен Балкан работат на германските градилишта.