Босна и Херцеговина

Германската судијка Ангелика Хусбергер официјално ја презеде функцијата на највисоката судска власт во Босна и Херцеговина, откако пред два месеца беше именувана на позицијата судијка во Уставниот суд на БиХ. Таа стапи на должност на 25 април, а веста беше објавена вчера во медиумите, кои информираат за „крајот“ на политичките надмудрувања во оваа земја, кои траеја од именувањето на Хусбергер.
Од почетокот на годината владејачкото мнозинство од Република Српска најави блокада на власта на ниво на ФБиХ, доколку странските судии не заминат од Уставниот суд. Тие имаа поддршка и од ХДЗ БиХ, но не и од бошњачките партии.

Членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик во февруари со писмо реагираше до претседателот на Европскиот суд, во кое го информира дека хрватскиот член на Претседателството Жељко Комшиќ го скрил барањето со кое се бара мислење од тричленото претседателство за изборот на странските судии. Потоа следуваа остри пораки на релацијата Бања Лука – Сараево, што на крајот заврши со избор на германската судијка на чело на Уставниот суд на БиХ.

Политичката аналитичарка Тања Топиќ смета дека овие расправии за ова прашање ќе продолжат и во иднина секогаш кога ќе се најде добра можност оваа приказна да се врати на почетокот.
– Ова се прави кога на политичките актери им е потребно заострување на меѓусебните односи заради придобивање на наклонетоста кај своето избирачко тело – изјави Тепиќ за „Срспксаинфо“.
Партиските препирки и разидувања за странските судии доведоа и до политичка криза на ниво на БиХ.