Германија не се откажува од „западнобалканската шесторка“

Кога францускиот претседател Макрон минатата есен го спречи отворањето на пристапните преговори на Европската Унија со Македонија и со Албанија, главните критики се сведоа на геополитиката. Мал број критичари ги споменуваа владеењето на правото, демократијата и демократските институции, стандардот и развојот на овие земји и, по правило, опасноста од настапот на „другите“ во регионот, што на прв поглед се мислеше на Русија и нејзиното „малигно влијание“, а потоа и на Кина, Турција, значи се сведе на геополитичките интереси и можните последици на таа основа. Се потврди дека Западен Балкан сѐ уште е неопфатен и интегриран во целосна смисла во западната сфера на влијание, сега во новите глобални геополитички соочувања од мултиполарен карактер и содржина, во приоритетите на западната геополитичка стратегија. Ова особено важи за ЕУ, која во „својот“ простор на дејствување бара начин со новата успешна политика на проширување да ги надомести негативните последици од брегзит и внатрешните предизвици, од една страна, и со новата надворешнополитичка динамика да ја врати позицијата на глобалните играчи, од друга страна, која ја изгуби во последните години.

Ваквата ориентација брзо и директно ја потврди новата комисија на ЕУ, за која самата претседателка Фон дер Лејен без оградување вели дека е „геополитичка комисија“. Новата методологија за пристапни преговори, која е експресно направена и усвоена веднаш по инаугурацијата на новата комисија пред два месеца, недвосмислено ја потврдува новата геополитичка ориентација на ЕУ. Таа во основа е на линијата на барањата на Макрон, формулирани во францускиот нонпејпер, поделени во кластери и поглавја со прецизно разработени принципи на кредибилност, ефикасност и реверзибилност. Ова ја отстранува можноста на нови резерви на Макрон, бидејќи го одржува неговиот генерален и клучен реформски мотив кога се во прашање идната стратегија и поединечните политики на ЕУ. Оттука, треба да се очекува брзо отстранување на пречките за отворање на преговорите со Македонија, можно е и со Албанија (поради резервите на Холандија), а под притисокот на западните виши геополитички интереси. Со тоа ќе се оствари сега примарната геополитичка цел на Европската Унија (и западниот) во нашиот регион.

Новата методологија има силна политичка основа. Целиот регион се третира, и тоа со обединета и стратегиска цел, како „западнобалканска шесторка“. Се предвидуваат низа политички механизми, кои со примена на мека моќ, јавна дипломатија, средби и комуникации на врвовите и институциите на ЕУ со политичките елити и институции на „шесторката“ треба да овозможат недвосмислено стратегиско политичко определување и реализација на интегративниот процес. Западниот и пристапот на ЕУ потсетуваат на геополитичка матрица, која на времето беше применета по приемот на Романија и Бугарија во ЕУ по забрзана и правно-политичка „спорна“ процедура, но со важни и познати геополитички цели.

Кога е во прашање Србија, останува клучно прашањето за Косово и Метохија. Решавањето на косовскиот јазол е нагласено во сите настапи на новата гарнитура на ЕУ, бидејќи без тоа нема реализација на целниот геополитички концепт со обединетата „западнобалканска шесторка“, во која Србија има централно место и геополитичко значење. Прашањето на КиМ дополнително доби на тежина за најновото надмудрување со Америка, која со новиот ангажман со претставникот на Белата куќа, амбасадорот Гренел, повторно се обидува од позиција на глобална сила да арбитрира во балканските прашања надвор од ЕУ и нејзината „природна надлежност“. КиМ во секој случај во наредниот период со новата методологија, без сомневање, останува клучно прашање за реализација на стратегиската цел на Србија и зачленувањето во ЕУ.

Посебно внимание заслужуваат интересите на Германија директно и преку специјалниот пратеник да го насочува и контролира процесот на привлекување на „западнобалканската шесторка“ со тежиштето на расплетот околу КиМ и Босна и Херцеговина. Станува збор за две стратегиски цели на Германија: потврди позиции на регионална сила и водечка улога во ЕУ со глобалните амбиции и потврда на стратегиското влијание во историскиот традиционален за неа интересен простор. Германија нема целосно да го препушти регионов на „другите“ (САД, Руската Федерација, Турција) и нејзиното ангажирање ќе биде решително со асистенција и на самата канцеларка Меркел. Во тој случај, претседавањето на ЕУ во другата половина на 2020-та и фактот дека на канцеларката ова ѝ е последната година од мандатот, ќе претставува важна рамка на германското дејствување. Кога станува збор за КиМ, треба да се смета на порано дефинираниот тврд став на Германија за потребата од потврда на „реалноста“ на теренот, значи со постојните граници на Србија и со признаено Косово.

Зоран Миливојевиќ, дипломат во пензија, колумна во „Политика“