Хрватската полиција обвини 44-годишен Германец (44) за снимање и фотографирање на деца без облека на плажа и покрај базен во туристичко одморалиште во областа Ровињ. Со спроведената кривична истрага, полицијата во Ровињ открила дека германскиот државјанин направил казниво дело – искористување на деца за порнографија.

Мажот е обвинет дека на 18 јули во текот на денот, на плажа и покрај базенот во туристичко одморалиште на подрачјето на Ровињ, и покрај забраната за снимање и фотографирање, со камера вградена во пенкало, снимал и фотографирал деца без облека. Неговото сомнително однесување го забележал гостин на кампот кој го известил обезбедувањето, а наскоро и полицијата пристигнала на местото на настанот. Од мажот биле одземени камера, два мобилни телефони и лаптоп, а полицајците извршиле претрес во возилото и снимениот материјал.

Бидејќи било утврдено дека тој сторил кривично дело, полицијата го уапсила вечерта на 19 јули и поднесена му е кривична пријава.