Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на телевизијата „Пинк“, каде што го најави економското престигнување на Хрватска, најпрвоин во однос на БДП, а потоа и во однос на платите.

– Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме – рече Вучиќ.

Потоа тој даде и низа конкретни ветувања.

– За една и пол година, ќе ја надминеме Хрватска во однос на БДП, а за шест години, во однос на платите. Сите други земји во регионот се веќе одамна зад нас – рече српскиот претседател.

Според Вучиќ, без коронавирусот, Србија би имала најголем раст во Европа.

– Повеќето граѓани се задоволни од успехот на земјата, но не можеме да се навикнеме да бидеме најуспешни и мора да се жалиме за нешто. Отсекогаш сум бил против таа политика на поплаки. Извозот од ИТ-секторот ќе го надмине земјоделството за една и пол година. Ние мора да растеме и структурно да ги зајакнеме земјоделството, образованието и подготвени да влеземе во четвртата индустриска револуција – рече Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека во последниот квартал Србија имала економски раст од 6,1 отсто.