Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на прашањето кога ќе биде вакциниран против коронавирусот.

– Реков кога ќе ја надминеме бројката од еден милион вакцинирани и со двете дози, а очекувам тоа да биде в понеделник или вторник – рече тој, пренесува „Б92“.

Според него, забележителна стагнација има кај бројот на новозаразени во Белград, каде што има најголем број вакцинирани и со двете дози, а бројот на заболени во јужна Србија расте. Затоа, како што додаде, вакцината ќе ја прими во некое помало место, каде што ќе ги покани сите да се вакцинираат.

– Во неделата кога ќе се вакцинирам, ќе видите дека ќе вакцинираме 500.000 луѓе. Постојано велат дека лобито против вакцинацијата е големо, не е, треба да им одите на луѓето во селото бидејќи тие помалку се грижат за себе за разлика од оние во градот – рече Вучиќ.