И покрај тоа што се уште нема официјална потврда кој ќе ја преставува Србија на Самитот на лидерите  на ЕУ, белградските медиуми највуваат дека и покрај дилемите, претседателот Александар Вучиќ сепак ќе патува во четврток во Софија.

– До пред неколку дена, заради присуството на Косово на Самитот и најавите дека одделни земји на ЕУ, кои го немаат признато Косово, можат заради тоа да не дојдат во Софија, не беше сосема јасно дали и како Србија ќе биде застапена на овој за Балканот важен самит, или поточно дали Србија ќе ја преставува претседателот Вучиќ, пишува ТАНЈУГ.

Тој неoдамна изјави дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе замине доколку се биде во ред, имајќи во предвид да „секој ден излегува по некоја нова декларација“.

Учеството на српскиот претседател на Самитот во Софија, медиумите го поврзуваат со неговата изјава по телефонскиот разговор со бугарскиот претседател Бојко Борисов, во која тој го потврдил учество на самитот со цел „да даде придонес кон стабилизација на состојбата во регионот и на европската агенда за поврзување на Западен Балкан“.

Вучиќ претходно во Букурешт, на квадритералата на Романија, Бугарија, Грција и Србија, изјави дека Србија мора да биде присутна на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Софија, бидејќи не би било добро земјата да не биде присутна на собирот на најмоќните европски лидери.

Тој тогаш изјави и дека со премиерката Ана Брнабиќ ќе се договори за тоа кој ќе ја претставува Србија. Како што рече, „има помали состаноци на кои не мора да се присуствува и на кои може да се истераат формалности, но тоа не може да се први кога доаѓаат најмоќните европски лидери од кои зависи економијата и политичката иднина на Србија“.

Ваквиот став на Србија, аналитичарите во Белград деновиве  го поврзуваат со малите очекувања на Србија од Самитот на политички план поради застојот на бриселскиот дијалог за решавање на косовското прашање, што е еден од условите за членството во ЕУ на Белград, додека пак економските очекувања се поголеми, пред се во поглед на инфраструктурните проекти и енергетското поврзување со Бугарија.

Засега не е јасно кои земји на ЕУ ќе учествуваат на самитот во Софија-пишуваат медиумите, но според извештаите од Мадрид шпанскиот премиер Маријано Рахој, нема да присуствува на самитот, иако на 16 мај ќе престојува во Софија т.е. тој ќе биде на неформален собир на Европскиот совет претходниот ден, но нема да остане на централен состанок поради присуството на Косово.

Бугарија е домаќин на Самитот, кој го организира според таканаречениот Гимних формат, кој подразбира присуство на сите учесници без имиња и обележја на земји или региони, а во нацртот на декларацијата што треба да се усвои на самитот во Софија, не се споменува ниту една земја од Западниот Балкан.

Во нацрт-декларацијата само се „потврдува недвосмислената поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“, а партнерите од Западниот Балкан се обврзуваат  дека ќе го следат европскиот пат како свој стратешки избор.