Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша декрет за доделување на орденот „Свети Александар Невски“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти Кремљ.

– Александар Вучиќ се наградува за голем личен придонес во мултилатерната соработка со Руската Федерација, се наведува во соопштението на Кремљ.

Ова е најзначајното признание кое, по речиси сто години, му се доделува на Србин.

Орден „Свети Александар Невски“ имаат добиено и Милан Обреновиќ и Александар Караѓорѓевиќ, а последен пат му е доделен на Никола Пашиќ.