По потпишувањето на договорот со Косово во Белата куќа, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред новинарите зборуваше за подароците што ги добил од американскиот претседател Доналд Трамп – пенкало, порака на хартија и, како што рече, клучеви од Белата куќа.

– Ова е пенкало што ќе го чувам за себе, го добив од Доналд Трамп. Тој ми го даде и мене … – започна Вучиќ, на што еден од новинарите го праша дали со тоа пенкало го потпишал договорот со Косово.

– Не, само претседателот Трамп потпишува со ова пенкало. И тој ми го даде тоа пенкало, како што ми напиша порака на парче хартија, и сега ја барам таа порака, да не ја објаснувам. И ги добив клучевите од Белата куќа, Трамп ми рече „Ова е за да можете секогаш да влезете во Белата куќа“ – рече Вучиќ.