Се залагам за разграничување со Албанците, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми – изјави тој денеска во Шид.

Тој вели дека се залага за разграничување и тоа не го крие.

– Јас се залагам за разграничување и тоа не го кријам, и тоа е политиката што ја претставувам. Дали таа политика ќе добие поддршка од народот или не, јас се залагам за разграничување со Албанците – изјави Вучиќ.

Според него, дали во тоа ќе се успее „не зависи од нас“.

– За танго се потребни двајца – нагласи тој.

Вучиќ додаде дека решението за Косово мора да биде сеопфатно, а не едноставно.