Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека од 10 до 20 април во Европа и светот ќе ги води, како што рече, некои од најважните разговори по прашањето на Косово и Метохија.

Вучиќ, по состанокот со претседателот на Република Српска Милорад Додик во Белград, рече дека не може јавно да зборува за тоа, но додаде дека не очекува „претерано добри вести за Србија“ од тие разговори.

– Не сме во лесна ситуација, не затоа што Владата на Ана Брнабиќ или било кој од оваа генерација е виновен, многу грешки направивме во меѓувреме, многу објективни околности не ни одеа во прилог, но ни останува да ја браниме земјата од секого – рече Вучиќ.