Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денска дека на Србија не и се потребни браќа, туку пријатели, коментирајќи ја изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дека Хрватска и Албанија се браќа по оружје.

– И честитам на изјавата. Нам не ни се потребни браќа туку пријатели. Нека се побратимат. Ние ќе гледаме да напредуваме економски – изјави Вучиќ. Тој додаде дека што се однесува до оружјето, некои мора да живеат во минатото.

– Колкумина загубиле живот за Хрватска не ме интересира мене ниту Србија. Ако некој мисли дека треба тоа посебно да ме плаши, не ме плаши ниту најмалку. Работиме да имаме што повеќе паметни деца кои ќе гледаат во иднината – изјави Вучиќ.

Грабар Китаровиќ вчера за време на посетата на Тирана обраќајќи се во Парламентот освен поддршка за Албанија на патот кон ЕУ порача дека Хрватите и Албанците се „браќа по оружје“ и потсети на бројни Албанци кои се бореле во војната во Хрватска.