Претседателот на Србија Александар Вучиќ одлучил денеска да не разговара со претставници на Приштина во Брисел, изјави Марко Ѓуриќ, директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија.

Во седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел, по бирателарниот состанок на српскиот претседател и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, требаше да се одржи и заеднички трилатерален состанок на Вучиќ, Могеини и косовскиот претседател Хашим Тачи.

Тој додаде дека „нема ни најмалку услови да продолжи дијалогот во Брисел“.

Според него, Вучиќ одлучил да го стори тоа поради  „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.

Ѓуриќ нагласи дека Белград сака да го зачува мирот, но не може да прифати закани и да се забрани посетата на претседателот на Србија на Косово.

Тој исто така истајкна дека беа направени несоодветни обиди да се прикријат разговорите и обидите на (Хашим Тачи) Прешево, Медвеѓа и Бујановац да бидат прикажани како дел од територијата на Косово.

– Единствената територија за која треба да се разговара е територијата на Косово, додаде Ѓуриќ.

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија изјави дека во тимот на претседателот поделени се мислењата дали Вучиќ треба да оди во посета на Косово. 

– Ако оди сигурно ќе го посети езерото Газивода, нагласи Ѓуриќ.