Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека не би им помогнал на ватерполо тимот на Црвена звезда или на други во иднина, ако по повод напад врз нив во Сплит „го исфрли гневот од себе“, но побара од Хрватска „сите заедно со почитување на разликите и различните погледи на минатото, да градиме поинаква иднина“.

– Зошто ова толку многу пати се случува кај нив… Јас сум сигурен или барем се надевам со голема сигурност, дека ова немаше да се случи во Белград – рече Вучиќ за новинарите во Вршац за време на неговата кампања „Иднината на Србија“, потврдувајќи воедно дека Србија има испратено протестна нота на Хрватска, за овој случај.

Како што рече, тој се грижи дека ова „не е само случај со тие хулигани, бидејќи член на Советот на Сплит денес коментирал – сега знаете како е да пливате во морето во февруари“.

– Се плашам дека ова нема да биде последен случај – рече Вучиќ, истакнувајќи дека на регионот итно му е потребна соработка и дека Србија се залага за тоа.

Вучиќ им се извини на ватерполистите на Црвена звезда поради тоа што Амбасадата на Србија во Загреб не побарала посебно внимание на полицијата пред натпреварот, бидејќи сметале дека тоа е рутинска работа.