Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска во Врњачка Бања дека косовскиот јазол е сложен и најави дека за иднината на Србија ќе решаваат самите граѓани.

– Дали ќе успееме во сето ова, останува да се види, но нема да биде лесно. Тешко е да се фатиш во костец со косовскиот јазол. Некои ќе кажат дека не чини што и да направиме, но доколку остане вака, само ќе крвариме и секој ден ќе губиме. Затоа сум за тоа да не бидеме кукавици и да направиме се за нашата земја, објасни Вучиќ.

Тој додаде дека нема доверба во „оние од Приштина и од оние кои им помогна во разурнувањето на Србија, но тоа не значи дека нема да се бори за проблемот да го реши“

Вучиќ истакна дека граѓаните ќе решат може ли Србија да оди во иднината или не.

– Од вас ќе бараме да ја донесете конечната пресуда, а јас ќе дадам се од себе…Сакам да ги решам проблемите на граѓаните на Србија кои постојат стотина години, изјави Вучиќ.

Најавената средба в среда  во Брисел меѓу Вучиќ и Тачи, доаѓа еден ден по средбата на Вучиќ со францускиот претседател Емануел Макрон утре во Париз, на кој меѓу останатото тие ќе разговараат и за косовскиот проблем, за што, како што пишуваат медиумите во Србија, Франција до сега многу малку се изјаснуваше по ова прашање.