Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за српски „Курир“ вели дека ако не е политичар би сакал да биде тренер по кошарка.

– Би се обидел да работам многу внимателно. Моја неисполнета желба е да тренирам деца. Во некој клуб, земунски „Младост“ или некој од Ушче. Некои пионери или кадети, деца. Тоа ми е најголема желба. – вели Вучиќ.

Тој додава дека не постои ништо поубаво од тоа сабота и недела да ги поминете со млади играчи, со некои деца од кои нешто можете да научите.

– Но за тоа морам да се запишам на виша тренерска школа, па тоа ми е планот во наредниот период. Можете и да следите како ги полагам испитите. Но сега ми рекоа дека тука има некои проблеми, поинаку е од порано. Ако успеам, можеби еден ден и ќе го остварам својот сон. – изјави српскиот претседател.

Тој, како што наведува во интервјуто, станува рано изутрина, 24 часа е посветен на работата, стигнува секаде, а често му се чини дека е премногу присутен во јавноста.