Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денес во телефонски разговор со германаската канцеларка Ангела Меркел се заблагодарил за континуираната поддршка на Германија за евроинтеграциите на Србија, особено со оглед на германското претседателство со ЕУ во втората половина на следната година, пренесоа српските медиуми.

Според информациите, Вучиќ изразил потреба од јасен план за проширувањето на ЕУ и временска рамка за членството, бидејќи, како што рекол, процесот на евроинтеграциите на Западен Балкан се важни за мирот и стабилноста во регионот.

Српскиот претседател во разговорот исто така порачал дека би било важно за Германија и Европа да останат на ставот дека е неопходно приштинските власти да ги укинат таксите на производи од Србија со цел да се продолжи дијалогот.