Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон ќе ја посети Србија.

– Ќе ни биде голема чест британски премиер по долги години да ја посети Србија – рече Вучиќ.

Тој потоа се обрати до амбасадорот на САД во Србија, Ентони Годфри.

– Ние не паметиме кога последен пат во Србија дошол претседател. Мислам дека Картер беше, време е и Трамп да дојде – порача Вучиќ, пренесе „Б92“.

– Прво доаѓа Џонсон, потоа и Трамп – нагласи српскиот претседател.