Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на заедничката прес-конференција со премиерите на Романија, на Бугарија и на Грција во Варна, изјави дека во регионот е потребно да продолжат дијалозите, со цел да се избегнат инциденти и да се зачува стабилноста.

-Благодарни сме на сите земји на поддршката што ја даваат на Србија на европскиот пат. Ги запознав со состојбата кај нас и од неопходноста за продолжување на дијалозите, со уверување дека ќе успееме да ги избегнеме инциденти и да ја одржиме стабилноста, што е неопходна за сите нас – наведе Вучиќ.

Тој посочи дека на Самитот на квадритералната средба се разговарало за инфраструктурните проекти, додавајќи дека до следниот состанок, во декември во Белград, тие проекти ќе бидат конкретизирани и дека ќе биде вклучена уште една земја.

Вучиќ ги издвои како значајно инфраструктурното поврзување на Србија со Бугарија и со Романија, особено патниот правец Темишвар-Панчево.

Тој додаде дека на состанокот се говорело и за гасоводот, за кој, како што кажа, заедно со бугарскиот премиер замолил за балканската рута, која според него, би била најдоброто решение за Србија, Унгарија, Австрија и северниот дел на Италија.

Вучиќ посочи и дека на идеја на грчкиот премиер Алексис Ципрас е договорено Грција, Романија, Бугарија и Србија да се кандидираат за земји домаќин на Светско првенство во фудбал во 2030 година.

Во Варна денеска се одржа Самит на Србија, Грција, Бугарија и Романија, на која присуствуваа претседателите на владите на Романија Вјорик Данчила, на Бугарија Бојко Борисов и на Грција Алексис Ципрас.

Почесен гост на Самит беше премиерот на Израел, Бенјамин Нетанијаху.