Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ги распиша редовните парламентарни избори за 26 април.

Говорејќи пред јавноста, Вучиќ претходно кажа дека изборната кампања ќе трае повеќе од 50 дена и ќе биде една од најдолгите кампањи досега што, како што додаде, ќе биде доволно време за сите да ги претстават своите програми.

Тој ги повика граѓаните да изберат свои претставници во парламентот, да гледаат кон иднината и да одлучуваат за тоа.

Редовните избори за градоначалници во сите 17 белградски општини ги распиша претседателот на градскиот совет на Белград, Никола Никодијевиќ.

Претседателот на Републичката изборна комисија, Владимир Димитријевиќ изјави дека комисијата, по распишувањето на парламентарните избори, има рок од пет дена да се состане и усвои релевантните акти.