Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија.

Српските медиуми кусо известуваат дека Вучиќ бил хоспитализиран вчера, во доцните попладневни часови.

Претседателството на Србија: Здравствената состојба на Вучиќ е стабилна

Претседателството на Србија за Н1 потврди дека здравствената состојба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е стабилна.

Засега не е познато кога тој ќе биде пуштен на домашно лекување, што ќе зависи од проценката на лекарите, велат од Претседателството.