Грчките пожарникари втор ден по ред се борат со големиот шумски пожар во регионот на Коринт, западно од Атина, а синоќа беа евакуирани неколку други населени места.

Шефот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, денес изјави дека изгорел повеќе од 4.000 хектари планински терен, кој претежно бил шума.

Уништени се и десетици викендички и неколку постојани живеалишта.
Вчера властите евакуираа околу 300 жители.

Пожарот избувна во средата вечерта во малото одморалиште на полуостровот Пелопонез, околу 90 километри од главниот град Атина. Властите наредија да се евакуираат шест села и два манастира на планините Геранеја како мерка на претпазливост.