Претставници на парламентарната Комисија за европски интеграции, но и експерти од оваа област, очекуваат во јуни годинава Европската комисија да даде препорака за укинување на визниот режим за Косово.

Но, претставници на оваа Комисија за приштинскиот весник „Зери“ изјавија дека за укинање на  визите Косово ќе мора да ја засили борбата против  копупцијата и криминалот.

– Ветувањата дека за косовските граѓани ќе биде укинат визниот режим за земјите од ЕУ датираат уште од 2010 година. Но, се очекува тоа да се случи годинава, по препорака на парламентарната комисија за европски интеграции, според чии претставници ќе биде позитивна, наведува „Зери“.

Според нив, тоа ќе се случи во јуни, откако во мај во Косово ќе престојува делегација на ЕУ, која од институциите на земјата ќе добие информации колку е сработено во исполнувањето на условите за укинување на визите.

Косово, инаку, еден од главните услови, ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора го исполни на 21 март годинава.