Голем товарен брод со назив „Квин Хинд“, кој пренесувал повеќе од 15.000 овци, се превртел во Црното Море крај брегот на Романија.

Во спасувачката акција учествувале полиција, морнарица и пожарникари.

Некои овци биле пронајдени како пливаат околу бродот, а се стравува дека голем број се удавиле.

Бродот долг 85-метари се превртел отакако испловил од пристаништето Мидија недалеку од Констанца, најголемото пристаниште на Црното Море и едно од најголемите во Европа. Тој пловел под знамето на островската држава Палау.

Сите членови на екипажот биле спасени, а едeн завршил во болница поради преладеност. Повеќето членови на екипажот се од Сирија.

Сè уште не е познато како се случила несреќата.