Според првичните податоци за туристичката посета на Хрватска во јули, според „Јутарњи лист”, забележан е пад од седум проценти. Поточно, вкупно 4,6 милиони туристи пристигнале во Хрватска во јули, кои оствариле 30,5 милиони ноќевања, а во однос на податоците за истиот период лани, станува збор за речиси 350.000 ноќевања помалку.

Во моментов, повеќе од еден милион гости дневно престојуваат во Хрватска.