Полициските службеници од полициската станица во Шибеник спроведоа истрага во која е осомничен 44-годишен маж, за кој се верува дека го оштетил имотот на приватна компанија за неколку илјади хрватски куни. Станува збор за фирма во сопственост на поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум.

Осомничениот, ноќта на 21 октомври во Рогозница, без посебна причина, во хотелски базен на приватна компанија од Сплит, истурил 10 литри течен катран, кој се разлил на горниот и долниот дел од базенот, при што настанала штета од неколку илјади хрватски куни – изјави Марица Косор, портпаролка на Полициската станица Шибеник.

– Нема да го коментирам случајот со катранот во мојот базен. Да оставиме институциите, односно полицијата и државното обвинителство си ја работат својата работа. Не го познавам човекот кој го оштети мојот имот, не му го знам ниту името. Никогаш во животот не сум се сретнал со него, ниту сум имал некаков контакт, ниту приватен, ниту деловен. Само знам дека личноста има психички проблеми и дека повеќепати бил приветуван заради оштетување на туѓ имот, изјави Жељко Керум за Јутарни лист. 

Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава од Државното обвинителство во Шибеник.