Турската полиција изврши рации на 121 адреса во акцијата спроведена во пет области низ државата, со налози за приведување на 63 осомничени, вклучувајќи го и Седат Пекер кој се сомничи дека е водач на криминалната група, објави агенцијата „Анадолија“.

За Пекер, кого ВМРО-ДПМНЕ го спомена во аферата „Мафија“, се вели дека е во странство.

Полициската акција со седиште во Истанбул, била поддржана од беспилотни летала и тимови за специјални операции. Според последните податоци, досега се уапсени 49 лица.

Осомничените се обвинети дека активно учествувале во низа криминални активности – грабеж, напаѓање, мито и други кривични дела, со што биле вклучени во формирање организирана криминална група, како што јавува „Анадолија“.