Околу 60 луѓе, осомничени за илегална трговија со оружје се приведени во денешната операција спроведена во исто време во 14 турски окрузи.

Обвинителството во округот Бурса издаде наредба за апсење на вкупно 72 лица.

Полицијата изврши претрес на различни адреси во Бурса, во Истанбул, во Анкара, во Чанаккале, во Самсум и други окрузи, а конфискувани се поголемо количество на оружје и муниција.