Турските безбедносни сили запленија 125,5 килограми хероин скриен во камион, кој патувал на автопат во јужниот округот Османие, информираат полициски извори.

Камионот бил запрен за проверка и за време на претресот била пронајдена голема количина хероин. Возачот на камионот е уапсен.

Во Анкара денеска се спроведени неколку операции против наркотици. Во акциите, насочени против дилери на дрога, биле запленети 1,5 килограми хашиш, 600 грама хероин и кокаин. 

Акциите биле спроведени со поддршка на полициски хеликоптер. Голем број дилери се уапсени.