Српската полиција во текот на последните три дена, во неколку одделни акции, уапсила 21 лице, осомничени за шверц со наркотици и незаконско поседување и носење оружје.

Запленети се околу 24 килограми различни наркотици и одземени се 17 пушки и 1.723 парчиња муниција.

– За трговија со дрога уапсени се 12 лица, додека за нелегално поседување оружје, девет лица, наведе српската полиција.