Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека од почетокот на годинава се запленети над 5,8 тони наркотици. Како што истакна тој, повеќе од 1.200 дилери биле уапсени во соработка со надлежните обвинителства.

Министерот ги пофали припадниците на криминалистичката полиција, кои за време на викендот заплениле над 170 килограми наркотици во две одделни акции во земјата.