Помала количина месо од Полска, од кланицата која обработувала месо од болни говеда и го жигосувала иако не било контролирано, се најде и во Словенија каде стигнало преку Германија.

Ова го јавија словенечките медиуми, а го потврди и државната агенција за безбедност на храна.

По појавувањето на аферата за месото, Управата за безбедност на храна во Министерството за земјоделство прво објави дека Словенија не е меѓу десетте членки на ЕУ во кои завршило непрегледаното месо од Полска, но една телевизија јави за месо од кланицата кое преку Германија дошло до Словенија како мелено месо подготвено за кебапи. Оваа информација е и службено потврдена.

Директорката на Инспекторатот за безбедност на храна и ветеринарство Андреја Бизјак потврди дека добиле производ кој го содржи спорното месо од Полска и оти станува збор за „една серија кебапи“ кои во Словенија пристигнале преку Германија.

За случајот е известен и словенечкиот дистрибутер на месо кој пратката ја добил од Германија, а се чека и службена потврда од германски ветеринари дали навистина се работи за месо од полската кланица.

Словенија околу седум проценти од месото го увезува од Полска и увозот во последните години се зголемува, но со проверка на дистрибутивниот список од кланицата која мамела со месо од болни говеда, утврдено е дека немало директен извоз во Словенија.