Во Словенија од денеска со владина уредба се забрани употребата на повеќето пластични производи за еднократна употреба.

Производите ќе бидат забранети со регулативи поддржани пред повеќе од две недели, кои донекаде се во согласност со директивата на ЕУ.

Во забранетите производи спаѓаат пластични прибори за јадење, чинии и сламки, како и стапчиња за уши, освен оние што се користат за медицински цели, објави агенцијата СТА.

Забранети се и пластични рачки за балони.

Со цел да се подигне свеста за важноста од рециклирање, регулативата предвидува и означување на одредени пластични производи за еднократна употреба.

Казните за непочитување на уредбата ќе се движат до 15.000 евра за правни лица, до 5.000 евра за претприемачи и до 3.000 евра за извршниот или одговорен сопственик.

Околу 10 европски земји досега забранија пластични производи за еднократна употреба со цел намалување на пластичниот отпад, меѓу кои и Германија и Хрватска.