Три силни земјотреси во рок од еден час се случија во морето во близина на Грција.

Прво, нешто пред 15 часот, земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погодил морската област во близина на островот Крит, а по 45 минути се случил уште еден, малку послаб, со јачина од 5,2 степена. Малку подоцна бил регистриран и трет потрес, овој пат најдалеку од брегот и најслаб, околу 4,6 степени по Рихтер.

Засега не се пријавени никакви штети или жртви. Исто така, нема знаци за предупредување за цунами.

Првиот земјотрес се случил на околу 55 километри од островот Крит, на длабочина од околу десет километри, објави Институтот за геодинамика во Атина. Вториот земјотрес бил на отприлка истата длабочина, само малку послаб од првиот, а третиот бил и најоддалечен од брегот – над 100 километри од Крит.

Според грчките медиуми, земјотресот бил почувствуван низ целиот Крит. ЕМСЦ известува дека потресот бил почувствуван и во делови од Македонија, Албанија, па дури и во Израел.

Грција се наоѓа во многу активна сеизмолошка област и доживува над сто земјотреси на годишно ниво. Но, овие потреси денеска беа меѓу посилните, иако релативно далеку од населените области.