Поради немирите во Будва, незадоволни граѓани попладнево се собраа во Подгорица пред Центарот за безбедност, каде неколку лица беа уапсени, пишува „Вијести“.

Полицијата употребила солзавец откако кон нив биле фрлени неколку тврди предмети.
Полицијата претходно им наредила на собраните да заминат бидејќи во спротивно ќе употребат присилни средства.

После тоа, полицајците тргнале кон толпата, која почнала да се повлекува.

Според „Вијести“, една од уапсените е Марина Јочиќ, членка на партијата Демократски фронт.

Граѓаните извикувале „Црна Гора се крена, светите места мора да се бранат“ и „Мило крадецу“.

Според познавачите, овој наплив на незадоволство е израз на нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите, која особено се затегна по носењето на Законот за вероисповед во Црна Гора.