Заменик-министерот за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци загина во лавина кај Брезовица.

Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“, а како што пишуваат медиумите во Приштина, причина за немилиот настан е тоа што групата скијачи во која бил заменик министерот Даци се одлучила за екстремно скијање вон обележаните скијачки патеки.

Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.