Областа на општина Левреотики во пошумениот југоисточен дел на Атина денеска беше зафатена од пожар, објави противпожарната служба.

– Пожарот избувна во клисурата во Маркати. Во гаснењето беа ангажирани 30 пожарникари и 13 противпожарни возила, четири авиони канадери и два хеликоптери – се вели во соопштението, пренесува агенцијата Катимерини.

Во меѓувреме, наредена е евакуација на местото Маркати, бидејќи пожарот се проширил, пренесуваат локалните медиуми.

Како што е наведено, 71 пожарникари, односно 25 возила, биле ангажирани во борбата против огнената стихија во тој дел.