Во годишниот извештај на државната агенција „Разузнавање“ на Бугарија за нејзините активности во изминатата 2020 година се информира за влошување на глобалната економска состојба поради постојаната пандемија на ковид-19, која создаде предуслови за зајакнување на прекуграничниот организиран криминал. Во овој период е зачувана тенденцијата за користење канали за нелегален сообраќај преку територијата на Бугарија.
Како што објави Бугарското национално радио, продолжува „активната дејност на разузнавачките служби на странски држави со други интереси, освен оние на Бугарија и оние на НАТО и на ЕУ“.
Во годишниот извештај за активностите на другата специјална служба – Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), за 2020 година се наведува „дека акциите на странските специјални служби се интензивираат како дел од сеопфатниот напор за маргинализирање на бугарските позиции во областа на надворешна политика. Со одбрана на националните интереси на Бугарија во смисла на елемент за градење држава, како што е јазикот, како и во однос на историјата и културата на земјата“.