Социјалното раслојување во едно општество е добро на одредено ниво, но ако се помине тој праг, се создаваат тензии во земјата меѓу богатите и сиромашните, предупредува професорот Гарабед Минсатин од Институтот за економски истражувања во Бугарската академија на науките.

– Ако ги погледнеме податоците што годишно ги издава Еуростат, поточно за индексот Џини, кој го мери степенот на општествената стратификација, се гледа воспоставено просечно ниво. Тоа изнесува околу 22-23 проценти и го покажува соодносот меѓу богатите и сиромашните. Колку е поголем овој процент толку се поголеми социјалните разлики – изјави професорот Минсатин во емисија за ТВ Бугарија.
Тој забележува дека колку е поголема стратификацијата толку е поголема и тензијата во едно општество. Доколку е премногу ниско, како што беше во социјализмот во Бугарија, тогаш нема поттик за повеќе претприемачки активности. Практиката покажува дека одредено ниво од 22-23 проценти е доволно за стимулирање за економски напредок во една земја.

– Во Бугарија овој процент изнесува околу 28-29 проценти. Овој процент на стратификација во Бугарија е највисок во цела ЕУ. Значи, ние го поминавме ова ограничување, кое може да се смета за стимулирачки економски пораст. Веќе постои одредена социјална внатрешна напнатост во бугарското општество – вели Гарабед Минсатин.