Фото: Архива / Илустрација

Делегациите на Белград и на Приштина првпат се сретнаа вчера во Брисел, во рамките на работната група што треба да најде трајно решение за употребата на регистарските таблички за возилата што се користат од српските граѓани на северот на Косово. Веста за ова средба ја објави специјалниот посредник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој најави дека работната група со која претседаваат неговите советници ќе се состанува редовно и, како што рече, очекува резултати за шест месеци.
Работната група е составена од експерти од ЕУ, Србија и Приштина, а беше формирана за да се надмине кризата поради проблемот со регистарските таблички, поради што беше најдено привремено решение со користење посебни налепници при влез на косовска територија.