Полицијата на Босна и Херцеговина откри и заплени околу 900 килограми марихуана-сканк во камион со црногорски регистарски таблички.

Во акцијата спроведена во Источно Сараево приведени се пет лица, државјани на Црна Гора.

Запленетата дрога била наменета за нарко пазарот во БиХ, а вредноста на марихуаната се проценува на повеќе од два милиони конвертибилни марки (околу еден милион евра), а на илегалните пазари во земјите на Европска унија вредноста е повеќакратно поголема.

Тоа е најголема заплена на дрога во БиХ.