Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5 000 луѓе поради загадување на воздухот, покажуваат податоците објавени во најновиот извештај „Загадување на воздухот и здравјето на луѓето: Случајот на Западен Балкан“.

Одделот за животна средина на ООН заклучи дека жителите на Западен Балкан во просек губат 1,3 година од својот живот поради загадување затоа што честичките од прав, саѓи и чад се поврзани со кардиоваскуларните заболувања, кои се пет пати почести од просекот.

Овие алармантни и предупредувачки податоци во БиХ се вест само за еден или два дена, пишува Avaz.ba. Надлежните институции не ја вршат својата работа и сè е оставено на статистиката.

Во Зеница, Лукавац и Тузла не е важно која сезона е, таму загадувањето на воздухот е константно и е последица на индустријата во овие градови.