Министерот за внатрешни работи на Албанија, Сандер Леши

Во голема полициска акција во повеќе градови во Албанија, уапсени се 32 лица меѓу нив и полициски службеник, кои се занимавале со недозволена трговија со луѓе од Албанија кон западно европските земји и САД, јавува МИА.

Полицијата соошти дека се запленети и апарати со кои се изработувале фалсификувани документи, поголем износ на пари, автоматска пушка фалсифкувани документи и оти се трага уште по четири лица.

– Акцијата „Погрешен пат“ беше спроведена во Тирана, Драч, Елбасан, Корча, Фиер, Валона, Берат и Ѓрокастро, а беа вклучени 250 полициски службенци. Членовите на оваа криминална група ги снабдувале заинтересираните лица со фалсификувани патни исправи и други документи за патување во земјите на ЕУ, за што наплатувале од 3 до 5 илјади евра, за САД и Канада по 20.000 долари и за Велика Британија 10.000 фунти – соопшти полицијата.

Лицата со фалсификувани пасоши за одредената дестинација тргнувале од Албанија, Црна Гора, Италија, Грција, Франција и Норвешка.

Големата акција на албанската полиција, реализирана во соработка со меѓународните партнери, ја поздрави министерот за внатрешни работи Сандер Леши, оценувајќи ја како „силен удар против организираниот кримнал“.

– Последователен силен удар против организираниот криминал. Шверцерите ги мамат граѓаните, го поткопуваат слободното движење и нашата европска иднина. Борбата протв органзиранот криминал, мисија во служба на иднината – напиша Леши на Твитер.