Албанското тло и понатаму се тресе од вчера во 11:02 часот кога беше регистриран најсилниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала до попладнево регистрирани се повеќе од 300 земјотреси со различна јачина.

– Регистрирани се над 300 земјотреси. Тие се со послаба магнитуда и пополека се редуцираат. Неослободената енергија ќе продолжи да се ослободува. Поаѓајќи од типологијата на овој земјотрес, мислам дека нема да има други земјотреси со висок интензитет. Дури и ако има потреси, мислам дека тие ќе бидат со помал интензитет, изјави Рапо Ормени од Институтот за сеизмологија во Тирана.

Според него најсилниот земјотрес денеска бил регистриран во 13:03 часот, со јачина од 3,5 степени според Рихтер, со епицентар на околу 12 километри од гратчето Вора кај Тирана.

Надлежните општински комисии најавено е дека ќе почнат со својата работа на терен заради проценка на материјалната штета на објекти.