Првата група Авганистанци, 121 од нив, пристигнаа во Албанија рано утрово, а на аеродромот беа пречекани од албанската министерка за надворешни работи, Олта Џачка, како и американскиот амбасадор во Тирана, Јури Ким.

Меѓу пристигнатите Авганистанци има 11 бебиња, пренесуваат албанските портали.

Според извештаите, тие пристигнале во три часот по полноќ, а станува збор за авганистански државјани кои работеле за американската мисија во таа земја.

Тие прво ќе бидат прегледани од лекари од Институтот за јавно здравје, а потоа ќе бидат префрлени во Драч, Тирана и други градови во Албанија.

Се наведува дека тие ќе останат во Албанија додека не добијат виза за САД.